Запознај се со успешните луѓе од твојата околина и напредувај заедно со нив !
Размени искуство, научи повеќе, зголеми продажби и развиј ја својата компанија до завидно ниво.
GROW фазата создава нова димензија на едукација и развој!
Преку групните сесии ќе ти помогнеме да го дефинираш својот пат, ќе те подготвиме за следната фаза на раст на компанијата, и ќе ти овозможиме проширување на меѓународно ниво.
Програмата предвидува групни сесии за размена на искуства, фокусирани на претприемачи чиј главен предизвик е развивање на бизнис. Програмата ќе ти обезбеди знаење и вмрежување, потребно за зголемување на продажбата и раст на компанијата.
Лидерство и прашања на кои секој претприемач треба да има одговор
Подготовка на компанијата за раст и развој во период на неизвесност
Нови трендови за ефективна и повторлива продажба
Управување со човечкиот капитал кој е се помалку достапен
Финансии за претприемачи и финансиски dashboard
Финансирање на развојот преку средства и алтернативни извори на капитал
Нови канали и иновации за ефективен маркетинг
Специјална тема : Аквизиции, спојувања и стратегии за излез од бизнисот
За време на сесиите ќе поминеш низ напредни лидерски практики кои ќе бидат основа за понатамошен раст и развој на твојот бизнис. Ќе имаш можност да споделиш мислење со другите членови од групата, да поставиш прашања и да размениш практики и решенија. Секоја група е предводена од докажани успешни бизнис основачи.
Во вториот дел, искусен бизнис лидер ќе ги сподели сопствените научени лекции со цел да ти помогне да ги најдеш одговорите на предизвиците со кои ти се соочуваш.
Можеме да ти обезбедиме индивидуална поддршка со консултант или соработник на CEED, со цел да ти помогнеме да ја направиш твојата транзиција во бизнисот. Заедно ќе ја поставиме целта и ќе направиме напреден план за развој.